Од раѓање е под светлата на рефлекторите, а денес има 30 години: Како изгледа ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав (ФОТО)
Поради популарноста на родителите, Френсис Бин Кобејн од своето раѓање беше во центарот на вниманието...
Ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав, Френсис Бин Кобејн од мали нозе беше присутна во јавноста, а во текот на своето растење наидуваше на разни предизвици.
Без татко остана како мала, а низ детството ја следеа многу неволји. Нејзината мајка, Кортни Лав водеше многу турбулентен живот, беше зависник од дрога и алкохол, а таа поради тоа многу патеше.
Пред 13 години, старателство над неа добија нејзините баба Венди О Конер и сестрата на нејзиниот татко Кримберли Кобејн.
Кога стана полнолетна, Френсис ги наследи милионите на татко ѝ, а и таа самата била склона кон разни експерименти, предизвици и самата уживала во разни дроги. Сепак, во 2016 година се случи најголемиот пресврт во нејзиниот живот и тогаш одлучи да престане со дрогата и алкохолот.
Оваа визуелна уметница и модел е активна на социјалните мрежи и за својот 30-ти роденден напиша:
„30!!! Успеав! Искрено, 20-годишната Френсис не беше сигурна дека сето тоа ќе се случи. Во тоа време, внатрешното чувство на длабок презир кон себе предизвикан од несигурноста, деструктивните механизми за справување и повеќе трауми отколку што моето тело и мојот мозок можеа да поднесат, влијаеше на тоа како се гледав себеси и светот; низ лупата на огорченост што во животот имам толкав хаос и болка поврзана со тагата која изгледаше неизбежна. Настанот во авионот што ме донесе толку блиску до смртта е иронично настанот што ме катапултираше кон ова искуство за преживување за кое сум неизмерно благодарна. Мило ми е што докажав дека не сум била во право и дека пронајдов начини како да ја трансформирам болката во знаење. Ккао што влегувам во оваа нова деценија, се надевам дека ќе останам нежна без оглед на тоа колку е тежок светот, ќе ужива, во сегашниот момент со почит, ќе ги опсипам луѓето кои имам среќа да ги сакам со повеќе ценење, отколку што со зборови би можело некогаш да се покаже и ќе продолжам да учам, за мојот раст никогаш да не престане.“
Да се потсетиме, кога Френсис имаше само една година, нејзиниот татко Курт Бобејн изврши самоубиство. Таа и нејзина мајка со годинини наназад ги одржуваа спомените на него.
Денес е подготвена да се соочи со проблемите и конечно да застане и цврсто да стои на свои нозе.
фото: Принтскрин / Инстаграм