ОД ШАМПИОНИ ЗА ШАМПИОНИ: Освојте ја Мусица по патеки направени од светски имиња во планинскиот велосипедизам!

ОД ШАМПИОНИ ЗА ШАМПИОНИ: Освојте ја Мусица по патеки направени од светски имиња во планинскиот велосипедизам!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Придобивките од велосипедизмот на сите ни се познати! Се активираат сите мускули, телото се оформува во правилна насока, а чувството на две тркала е незаменливо.

Дали знаете дека во Македонија има патеки за планински велосипедизам направени по меѓународни стандари и во соработка со светски шампион во овој спорт?

Се наоѓаат над Крушево, низ убавите предели на Бушева планина, а ги осмисли и проектираше тим  на GFC Sports Management AG, предводен од познатиот планински велосипедист и светски шампион од Швајцарија, Ралф Неф.

Дизајнирани се за уживање и од ентузијасти и од професионалци, а може да ги освојувате и со профи планински велосипеди од флотата на Panorama All Seasons Adventure.

Компанијата, која оперира и со Ски центарот Панорама и Хотел Панорама Спа, инвестираше во нивната изградба со цел да ја збогати на постоечката туристичката понуда и промоција на активниот туризам во Крушево.

Шампионот Ралф Неф при работниот престој во градот не го криеше воодушевувањето од Крушево и природата и истакна дека гледа голем потенцијал тоа да стане домаќин на меѓународни трки во планински велосипедизам.

- Имате  многу убава природа и секакви терени. Рамни, стрмни. Нашиот тим имаше непроспиени ноќи заради неограничните можности кои што ги увиде деновиве. Многу е добро да се види и големиот ентузијиазам што го има локалната велосипедска заедница.

Проектот се реализираше во 2021-та од страна на со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Епа, бајкери, знаете каде возиме следно. Информации и резервации тука.

* ПР - објава

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: