Од сите градници кои постојат, ова се 4-те типови кои најчесто ќе ги носите
Има толку многу видови на градници! Како да го изберете вистинскиот за вас? Сѐ зависи од вашиот животен стил, но и од начинот на кој се облекувате. Не барајте секогаш да го купите најубавиот, бидејќи тие нема секогаш да бидат најфункционални и најудобни.
Ако не сте љубител на градници и морате да ги носите, најдобриот совет што можеме да ви го дадеме е да го пронајдете оној кој е најдобар за ВАС. За почеток, важно е да има вистинска големина. Штом има погрешна големина, тоа ќе влијае на удобноста. Со толку многу различни градници, сигурно ќе има таков што ќе биде соодветен за вас. Сепак, постојат неколку модели на градници кои не е лошо да ги имате бидејќи дефинитивно ќе ви бидат потребни. Поточно, ова се оние кои најмногу ќе ги носите. Кога купуваме градник, некако секогаш забораваме да погледнеме дали е функционален, наместо тоа гледаме колку е убав. Во овој случај, функционалноста е многу важна. Мора да ви даде доволно поддршка, да изгледа добро под облеката и да ви биде удобно. Ова се 4-те типа на градници по кои најмногу ќе посегнувате.
1. Обичен градник со тенка постава
Најпопуларен. градницните познати како „t-shirt“се оние кои најдобро ќе изгледаат под повеќето парчиња облека. Без разлика дали сакате градници со повеќе или помалку облоги, ова се оние кои секоја девојка ќе ги носи редовно. Погрижете се корпите целосно да ги покриваат вашите гради.
2. Градници во неутрални бои
Нема да се гледаат под вашата облека и дефинитивно ќе ги носите почесто од светло розова или неонско зелена боја. Иако градниците во неутрални бои делуваат досадно и бесмислено, тие ќе бидат најдобриот избор. Не е важно каква маица или фустан носите, ако е во неутрална боја, големи се шансите да не се истакнува под облеката. Дали ќе бидат темно неутрални нијанси или светли, зависи од вашиот стил.
3. Градник на кој може да му се извадат прерамките
Има толку многу алишта на кои би им пречеле прерамките, а наместо да смислувате луди решенија, најдобро е да имате градник кој може да се отстранат доколку е потребно. Можете да го носите во двете верзии, така што нема само да седи во вашиот плакар и да собира прашина.
4. Градник без жица
Градниците без жица се поудобни. Можеби не е најдобриот избор за девојки со поголеми гради, бидејќи нема да им даде толкава поддршка колку што сакаат, но ако не ви пречи и можете да го носите, тогаш градникот без жица е одлична работа! Постојат различни видови на овие градници, од спортски градници до градници со чипка.
Извор: teen385.dnevnik.hr