Од татко ѝ добила совет вреден злато: Низ животот ја следеа бури, а како изгледа денес единствената ќерка на Мајкл Џексон? (ФОТО)
Смртта на татко ѝ ја поднела многу тешко, но добро ги запаметила неговите зборови...
Парис Џексон, ќерката на познатиот пејач Мајкл Џексон, израсна во вистинска убавица. Таа низ животот поминала низ многу турбулентен период, но успеала да одолее на многу предизвици и сега гради успешна музичката кариера.
Парис е родена во 1998 година, а уште од тогаш е во центарот на вниманието кај светската јавност, поради популарноста на татко ѝ. Без татко останала кога имала само 11 години, а мајка ѝ Деби Роу ја запознала дури на 13 и тврди дека денес имаат квалитетен однос.
Од смртта на нејзиниот татко, животот потполно ѝ се променил. Тој ѝ дал еден совет, кој Парис и до ден денес многу добро го памети:
„Никогаш не заборавај. Ако умрам утре, секогаш сеќавај се што ти имам кажано“ - ѝ кажал тој.
Со голема тага, Парис повеќе пати зборуваше за односот кој го имала со кралот на поп музиката.
„Го послушав неговиот совет и запаметив сѐ што ми зборуваше“ - кажа Парис кога ја прашаа, која е највпечатливата работа која ѝ останала од татко ѝ.
Таа често во јавноста зборуваше за односот кој го имала со татко ѝ.
„Заедно вежбавме, имавме мало импровизирано снимање. Знаеше да ми каже, во оваа сцена ќе плачеш, и јас го правев тоа. Сакаше да ме воведе во светот на музиката и глумата“ - се присетува таа.
Парис повеќе пати се пајавување во кампањите на Келвин Клајн, кои ѝ беа отскочна даска за нејзиното понатамошно занимавање со глумата.
Таа израсна во преубава млада жена која има доволно пари да не работи ништо, но тоа не ја спречи да посака да ја гради својата актерска кариера.
Нејзиниот имот се проценува на повеќе од 100 милиони долари, а кога ќе наполни 30 години, ќе наследи една третина од богатството на Џексон, а како ќе старее, ќе добива сѐ повеќе пари.
фото: Принтскрин / Инстаграм