„Од училишните клупи“ – нашата нова рубрика во која ТИ ќе го имаш главниот збор!
„Од училишните клупи“ – нашата нова рубрика во која ТИ ќе го имаш главниот збор!
Имаш ли талент за пишување? Имаш да раскажеш интересна приказна од улишните клупи? Можеби твојот професор или наставник кажал некоја анегдота или пак со твоите соученици имате случка што би сакале да ја кажете на сите?! Сакаш ли да раскажеш за некој проблем од твоето училиште или пак некои училишни згоди и незгоди? Имаш ли момент кога ќе си потонал од срам на некој час? А, како јагодка на шлаг сакаш да се испробаш и во новинарските води, да станеш колумнист?
Епа, доколку одговорот на сите овие прашања е едно големо ДА, а плус имаш и псевдоним, ќе ти помогнеме твојата приказна да се рашири. Сѐ што треба да направиш е да напишеш текст, на крајот од текстот да го напишеш твојот псевдоним и сето тоа да го испратиш на нашата е - адреса contact@hashtag.mk.
Останатото препушти го ни го нам! Доколку твојот текст нѐ освои, поточно биде најдобар, очекувај дека ќе бидеш контактиран и ќе си добиеш награда за вложениот труд.
П.С. Доколку имаш повеќе од една приказна не грижи се, во нашата рубрика „Од училишните клупи“ ќе има место!
Фото: freepik