Од внукот најслатка честитка, од момчето подарок кој ја разнежни: Како Анастасија Ражнатовиќ го прослави роденденот? (ВИДЕО)
Анастасија Ражнатовиќ, вчера го прослави својот 24-ти роденден...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави 24-от роденден. Цел ден на социјалните мрежи ги споделуваше честитките од своите најблиски, а онаа што најмногу се издвои беше онаа од нејзиниот внук, Жељко.
Имено, синот на Вељко и Богдана на својата тетка ѝ ја испеа роденденската песна, а на крајот од изведбата ја бакна.
Роденденот Анастасија го прослави во еден ресторан во Белград, а за прославата носеше краток црн фустан.
На прославата помеѓу присутните беше и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ, кој со подарокот ги разнежни сите.
Освен, луксузното патување на кое ќе заминат за неколку дена и букетот кој ѝ го врачи на полноќ, Немања на Анастасија ѝ подари и портрет, кој ги разнежнил сите присутни.
Имено, на сликата се Анастасија и нејзиниот покоен татко Аркан, а ова се дозна, откако на Инстаграм профилот „Dajanastyle“ се појави истата.
фото: Принтскрин / Инстаграм