Од знакот на Аркан до сите важни жени, но една била грешка: Сите тетоважи на Вељко Ражнатовиќ
Ражнатовиќ уште како млад, во тинејџерските денови, започна да го „шара“ своето тело...
Младиот боксер и син на познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ е познат како голем љубител на тетовижите кои ги има по цело тело. Од нив многу се посветени и направени за да искаже љубов кон своите најмили.
Тој започна да се тетовира уште во најраните тинејџерски денови, првата тетоважа ја направи на 17 години. Имено, тој тогаш на своите гради го истетовира името на неговата тетка Лидија, за која многу пати зборуваше дека е една од најважните личности во неговиот живот и дека му е како втора мајка.
На својата десна рака, како знак на сеќавање на својот покоен татко Жељко, Вељко го има истетовирано грбот на српската доброволна гарда „Тигри“, која ја има основано неговиот татко.
Веднаш под овој грб, младиот Ражнатовиќ го има истетовиран оликот на Гаврил Принцип, кој држи пиштол, а токму тој украс на неговото тело е синоним за слобода.
На истата рака, веднаш под лактот на внатрешната страна, Вељко има црвена ружа и под неа има напишано стихови од една позната песна (Во нејзината насмевка гледам нешто поубаво од ѕвезда), а под тие зборови го има датумот на раѓање на неговата сестра Анастасија, што зборува дека оваа тетоважа е посветена на неа.
Меѓутоа, освен датумот на раѓање на Анастасија, на тоа место го имаше истетовирано и датумот на раѓање на неговата поранешна деовјка, Маша Терзиќ, а таа „грешка“ ја поправи и наместо датумот на Маша сега има уште една црвена ружа.
Исто така, Вељко на своето тело, односно на левата страна под стомакот има тетоважа посветена на негово куче Buddy кое почина и кое младиот боксер никогаш не го преболе, а до името на кучето има и црвено срце.
Една од последните тетоважи кои ги има направено е ликот на Милош Обилиќ, кој ја краси десната страна на неговиот граден кош, а под него се и стиховите на песната „Последна стража“.