Одбери подарок за Денот на вљубените според хороскопскиот знак

Одбери подарок за Денот на вљубените според хороскопскиот знак

Предлози за девојки, но и за момчиња!

Денот на вљубените се наближува, време е да започнеш да размислуваш со што дополнително ќе го развеселиш твоето момче или твојата девојка.

Со оглед на тоа дека хороскопот може да открие многу за некоја личност, може да помогне и во изборот на подарок за Денот на вљубените, доколку ти немаш некоја идеја. Со воие работие сигурно нема да погрешиш!

# Овен

Подарок за девојка: фенси мирисна свеќа.

Подарок за момче: убав парфем.

# Бик

Подарок за девојка: топло и мекано ќебенце.

Подарок за момче: домашни топлинки.

# Близнаци

Подарок за девојка: балони во облик на срце.

Подарок за момче: тематски колачиња.

# Рак

Подарок за девојка и момче: испечи мафини или некои други мали слатки колачиња.

# Лав

Подарок за девојка: букет цвеќе (ружи).

Подарок за момче: листа од 100 причини зошто го сакаш.

# Девица

Подарок за девојка и момче: направија онаа работа која со месеци ја ветуваш или која Девицата те убедува да ја направиш за неа.

# Вага

Подарок за девојка и момле: карти за натпревар / концерт / кино.

# Шкорпија

Подарок за девојка: отследи ги пред неа сите поранешни девојки на социјалните мрежи, како и оние кои ти се додворуваат.

Подарок за момче: одиграј ја со него играта која ја обожава, а за која секогаш велиш дека може да ти ја покаже следниот пат.

# Стрелец

Подарок за девојка: одведи ја на вечера некаде каде што знаеш дека ќе биде воодушевена.

Подарок за момче: купи му ја книгата која се уште ја нема прочитано.

# Јарец

Подарок за девојка: шише за вода или фенси чаша.

Подарок за момче: слушалки или фенси чаша.

# Водолија

Подарок за девојка и момче: организирај „потрага по богатство“ (сокриј некоја ситница - од типот чоколадо - одведи го / ја во прошетка низ градот, а потоа цело време давај му / и упатства низ цртежи, песни, загатки, за да дојдете до целта).

# Риби

Подарок за девојка: некој производ од природна козметика.

Подарок за момче: одведи го на романтично искачување на планина.

Можеби ќе ве интересира: