Одговорот цело време ни бил пред нос: Зошто морнарот Попај јаде само спанаќ?
Познатиот морнар е неминовен дел од детството на многу генерации, како на оние кои денес се баби и дедовци, така и на оние кои се родители, а веруваме дека и на сите вас ви бил еден од омилените цртани ликови...
Попај првпат се појави во стрип во весник во 1929 година, а го греирал Елзи Сегар. Морнарот Попај е праведен човек, вљубен во Олива, но нивната љубов ја расипува Дибек, груб човек кој секогаш се удира во носот на нашиот омилен морнар, пишува StripBlog.
Попај својата огромна сила ја црпи од спанаќот, кој го јаде од конзерва и така што ќе ја притисне силно конзервата, а спанаќот од притисокот лета право во неговата уста. Откако ќе го проголта, неговите мускулу стануваат огромни и почнува да ја гази тешката воена машинерија.
Освен натприродна сила, спанаќот на Попај му дава и способност за да биде неверојатен танчер и да свири пијано.
Цртаните филмови за Попај во еден период биле толку популарни што продажбата на спанаќот се зголемила за 33%. Некогаш спанаќот бил трета најпопуларна храна кај децата, покрај мисиркиното месо и сладоледот.
Марката спанаќ која ја јаде Попај и денес е втора најпопуларна марка на спанаќ во Америка.
Но, зошто Попај јаде токму спањаќ, кој му дава сила и што е тоа во оваа храна што е толку посебно?
Одговорот е многу едноставен. Ликот на морнарот Попај е настанат од истиот автор, но десет години пред неговото појавување во стриповите во весниците, поточно во 1919 година за потребите на реклама за спањаќ.
Одговорот е многу едноставен, но многумина не го знаат. Сега откако го дознавте, може да се фалите помеѓу вашите пријатели.