Ох, мој боже: Еве како мама Тамара ги начека, тато Мачка, Хана и Дарен!
Набрзо по раѓањето на второто дете, синот Дарен, поп пејачката Тамара Тодевска веднаш започна со настапите. Вчеравечер исто така имаше настап, а своите дечиња ги остави да се чуваат тато Мачка.
Дека одлично си ја работи својата работа, сме сигурни сто проценти. Имено, пејачката доцна во ноќта објави Инста стори, на кое се гледа како на спалната лежат тато Мачка, принцезата Хана и принцот Дарен. Дали поради тоа што не оставиле место за Тамара или поради убавина, на сторито таа има ставено гифче „Ох, мој боже“.