Оливија Родриго има нова песна: Ова е значењето на текстот на „Deja Vu“
За кој пее Оливија Родриго во новата песна? Ова е сѐ што треба да знаете...
По големиот успех на првенецот „driving licence“, Оливија Родриго мораше убаво да размисли за следниот сингл - но засега изгледа дека „deja vu“ е одличен избор, бидејќи обожавателите го обожуваат. Но, што всушност значат зборовите?
За помалку од три месеци, Оливија се трансформираше од актерка позната по улогата во „Средношколски мјузикал“ во поп ѕвезда за која зборува целиот свет. За тоа придонесе и љубовната драма и наводниот триаголник во кој се најде, бидејќи обожавателите беа убедени дека првата песна е инспирирана од Џошуа Басен и неговата врска со Сабрина Карпентер. Но, дали новата песна е продолжение на оваа приказна?
Текстот на песната „Deja Vu“ зборува за тоа дека нејзиното поранешно момче со новата девојка ги прави истите работи што ги правел со неа.
„Watching reruns of Glee / Bein’ annoying, singing in harmony / I bet she’s braggin’ to all her friends / Saying you’re so unique (Huh)“ / So when you’re gonna tell her / That we did that too, she think it’s special? / But it’s all re-used.“
Нејасно е дали Оливија пее за истата личност како во првиот сингл или некоја друга, но има смисла да станува збор за истата врска. Изгледа дека стихот „Уште една актерка, мразам кога ќе помислам дека бев баш твој тип“ се односи на гласите за врската помеѓу Џошуа и Сабрина.
„Deja Vu“ во буквален превод од француски значи „веќе видено“ и тоа е вообичаен израз кој се користи кога опишувате дека се чувствувате исто како веќе да сте го искусиле нештото што ви се случува.
Зборувајќи за песната, Оливија во својот „newsletter“ кажа: „Оваа песна ја напишав со својот пријател Дан Нигро минатата есен и толку сум воодушевена шо конечно сакам да ја споделам со вас. Многу е поразлична од песната „driving licence“, текстуално, музички и мелодично, што ми е многу возбудливо“.
Таа додаде дека оваа песна ја подготвувала уште во 2020 година.
„Не сакав да станам уште една тажна девојка со балада. Оваа песна е дефитивно малку поинаква и некако чудна. Навистина се надевам дека на луѓето ќе им се допадне. Дури и ако не им се допадне, тоа е кул, бидејќи уживав во нејзиното создавање“ - заклучи таа.