Омилениот божиќен филм цело време ја крие вистината?
Форумите на интернет започнаа тема и заклучија дека семејството намерно го остава Кевин дома, а тоа може да се забележи од неколку суптилни потези на сценаристите.
Поминаа повеќе од 29 години откако е снимен филмот „Сам дома“, неизоставниот дел од овој период од година. Главната ѕвезда, Меколи Калкин, имаше само 10 години кога се објави филмот, а катерот во филмот го играше 8 - годинипниот Кевин МекКалистер кои по игра на случајност останува сам дома.
Бидејќи неговото семејство е големо, родителите го забораваат додека се подготвуваат за пат. Момчето набрзо станува мета на крадци кои сакаат да го ограбат неговиот дом, а тој прави се за да не им го дозволи тоа.
Како и сите популарни содржи на светот и „Сам дома“ стана жртва на теорија на заговор на форумите на интернет. Па така корисниците на Reddit ја започнаа темата и заклучија дека семејството намерно го остава Кевин дома, а тоа може да се забележи од неколку суптилни реакции.
„Неговото семејство неколку пати ја проверуваше листата додека ги дели картите, а Кевин не беше на истата“ - тврди еден поактивните членови на форумот.
По објавениот статус, некои отидоа подалеку па започнаа расправа за тоа дали татко му на Кевин намерно ги испратил крадците.