Она кога имаш омилено катче и по цел ден не излегуваш од вода: Подгответе се, урнебесно е
Оваа преслатка Лабрадорка сака да се забавува во својата када.
Пространата бела када сместена на крајот од дворот е нејзиното омилено место.
Во неа си игра, спие, па дури и јаде. Се чини дека го поминува целиот ден во тој мал, воден агол.
Гордата сопственичка на Ема редовно објавува видеа од лудориите на кучето на Инстаграм.
Инаку, Ема има над 117.000 следбеници на споменатата социјална мрежа кои уживаат во нејзините видеа.