Она што прво ќе го видиш на фотографијата ќе ти ја открие причината: Зошто уште ја немаш пронајдено љубовта?
Зошто во твојот живот уште ја нема онаа вистинска голема љубов?
Самите на себе секогаш сме си најлоши непријатели. Иако не си го правиме тоа намерно, ги саботираме љубовните односи. Што стои на патот помеѓу тебе и големата љубов? Одговорот ќе ти го даде мотивот кој прв ќе го воочиш на оваа оптичка илузија.
# Старец со брада
Ако ова е првиот мотив кој го имаш воочено, тој зборува дека причината поради која уште ја немаш пронајдено љубовта е тоа што порано си имал/а лошо искуство со врските кои оставиле белег на тебе. Поради тоа што си бил/а повреден/а, сега ти е тешко да се опуштиш и да го дадеш своето срце на некој, бидејќи се плашиш дека повторно ќе ти биде скршено. Што е сосема оправдан страв! Можеби за тебе уште не поминало доволно време и ја немаш преболено минатата врска како што треба.
# Две птици
Ако прво го имаш воочено мотивот две птици, тоа покажува дека имаш невозможни очекувања од врската и од партнерот, толку високи стандарди што никој не може да ти ги исполни. И затоа уште ја немаш пронајдено онаа вистинската љубов. Колку и да е добро да се имаат високи стандарди, толку е лошо кога тие се нереални. И додека ти бараш партнер кој ќе ги задоволи сите твои невозможни 20 критериуми, ќе пропуштиш супер потенцијални партнери, кои можеби не се совршени, но кои се добри. Никој не е совршен и додека бараш таква личност, нема да ја пронајдеш.
# Планини
Оние кои најпрво ги воочиле планините, тоа се луѓе кои не ја пронашле љубовта затоа што се емоционално дистанцирани. Иако сакаат да се отворат и да се препуштат на чувствата, нешто ги кочи. И наместо да ги пуштат луѓето блиску до себе, тие градат уште поголеми ѕидови кои никој не може да ги пробие. Некогаш решението е дека во новата врска треба да влегуваш полека, чекор по чекор, не да одиш понатаму додека не се чувствуваш удобно и подготвено за тоа. Но, ако поминат неколку месеци или една година, а ти уште не можеш да ѝ кажеш на таа личност дека ја сакаш, тоа би можело да биде проблем.
фото: Принтскрин / Your Tango