Оние кои имаат сестра се посреќни луѓе: Најновата студија го потврди ова
Неодамна е спроведено истражување кое покажа дека луѓето кои растат со сестра се посреќни и покомплетни личности и имаат помали проблеми со психичкото здравје.
На почетокот на оваа година, истражувачи од Универзитетот Де Монтфорт во Лестер и со Универзитетот во Улстер го започнаа истражувањето со повеќе од 570 луѓе на возраст помеѓу 17 и 25 години. На испитаниците им се поставувани психолошки прашања за разни теми, вклучувајќи го и менталното здравје.
Резултатите покажале дека оние луѓе кои имаат сестра поотворено разговарале за своите чувства и оставиле впечаток на поведри и пооптимистични поединци.
Професорот Тони Касиди, кој го водеше истражувањето вели:
„Изгледа дека сестрите поттикнуваат поотворена комуникација и кохезија во семејството. Емоционалното истражување е важно за доброто психичко здравје, а со сестрите е многу полесно отворено да се разговара и да се споделуваат искрените чувства. Би можело да се каже дека на момчињата им се наметнува постуден и поцврст однос кон животот, секако преку воспоставените социјални норми, така што многу често може да се случи во многу семејства момчињта да имаат природна тенденција да не разговараат за работите кои ги мачат. Девојките по природа се многу поотворени, па имаат тенденција да ги поттикнуваат и луѓето околу себе да проговорат за сопствените емоции.“
Значи, доколку имаш сестра, се надеваме дека знаеш да ја цениш, бидејќи очигледно е дека поради неа и ти си посреќна личност!
Може да ве интересира:Имаш ли брат или сестра: Научниците откриваат кој од вас е поинтелигентен