Онлајн нарачала бело бикини, но она што ѝ стигнало згрозило многумина: „Зошто воопшто го допираш тоа?“ (ВИДЕО)

Онлајн нарачала бело бикини, но она што ѝ стигнало згрозило многумина: „Зошто воопшто го допираш тоа?“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Разочарана е бидејќи не очекувала ваков пропуст од нејзината омилена модна онлајн продавница...

Благодарение на Интернетот, купувањето на облека никогаш не било полесно, но секогаш постои ризик за она што ќе го добиете да нема врска со она што сте го нарачале. Тоа неодамна ѝ се случи и она оваа девојка, која како што вели добила многу повеќе отколку што очекувала.

Најелис Бидо многу пати досега онлајн купувала облека од модната продавница „Shein“,  а сега нарачала бело бикини. Но, како што пренесува „Mirror“, кога ѝ стигнал пакетот, не мжела да верува дека на долниот дел од бикините видела дамка.

„Ако купувате на „Shein“, мора да го видите ова“ - напиша таа во насловот на своето ТикТок видео во кое го покажа новото бикини и дамката, а видеото набрзо стана вирално.

„Буквално добил долен дел од бикини со голема дамка, сега ќе ви го покажам...“ - вели таа во видеото и ја покажува жолтеникавата дамка на долниот дел од костимот за капење.

„Ги проверив и другите работи кои ми стигнаа и само на бикините имаше дамла. Прво мислев дека можеби се извалкале по пат, но кога ги отворив, се шокирав. Не можев да верувам што ми испратиле“ - раскажа таа.

Најелис кажа дека е разочарана поради тоа што оваа продавница е една од нејзините омилени, а на другите љубители на тој бренд им порача облеката која ја нарачуваат да ја исперат пред да ја облечат.

Откако е објавено, видеото шокираше многу корисници на социјалните мрежи, а некои воочија и други пропусти.

„Нема ниту заштитна налепница, па дефинитивно е користен“, „Зошто воопшто го допираш?! Не ги охрабрувај луѓето да ја перат облеката, туку да ја вратат“ - се само дел од коментарите.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: