Опасна мајка ТикТокерка: Открила дека нејзиниот син пие алкохол, па му подготвила пренк за паметење (ВИДЕО)
Каков пренк! Оваа мајка навистина има смисла за хумор...
Тинејџерите сакаат да експериментираат со алкохолот и тоа е нешто што го прават тајно, криејќи се од родителите.
Една мајка на ТикТок откри дека нејзиниот син тајно пиел рум.
Кога го сфатила тоа, мајката одлучила да го вразуми. Во видеото го покажува веќе полупразното шише рум и шише со јаболков оцет. Течностите од двете течности изгледаат идентично и само вистински професионалец би можел да ја забележи разликата.
@ringblinglove I don’t know what has me laughing more…my son’s reaction, or my husband’s laugh.#prank #checkmate #momsdontplay #payback #lovemyson original sound - RingBlingLove
На својот тинејџер му кажала дека таа и нејзиниот сопруг заразговарале и дека тој може и пред нив да се напие чаша алкохол, додека таа го снимила сето тоа.
Момчето било малку во неверување, но многу самоуверено го кренал шишето и испил неколку голтки, не ни претпоставувајќи дека наместо рум пие јаболков оцет.
Брзо направил фаца, бидејќи му било јасно што се случува.
„Ууу, на ова му е поминат рокот... Дали тоа е оцет?“ - ги прашало момчето родителите кои почнале да се смеат.
„Тоа е одвратно“ - се пожали тој во видеото кое има повеќе од 3 милиони прегледи и неколку илјадници коментари.
фото: Принтскрин / ТикТок