Опција која ќе ги воодушеви сите корисници на ТикТок: Дали и вие се радувате?
Ако содржината која ви се прикажува на ТикТок повеќе не е она што ви се допаѓа и што сакате да го гледате, оваа вест ќе ве израдува...
Имено, ТикТок воведува нова опција која ви овозможува одново да активирате вашиот ТикТок „feed“, секако ако повеќе не ви се допаѓаат видеата кои ви се препорачуваат, пишува „Social Media Today“. Досега оваа опција беше во фаза на тестирање и можеа да ја испробаат само одредени корисници, а сега тоа ќе може да го користат сите.
Истовремено, се развиваат нови состави за избегнување на повторување на видеата и ограниччување на изложеноста на штетни елементи кои може да се пронајдат на таа платформа.
Од ТикТок препорачаа дека се свесни за тоа дека постојат моменти во кои постоечките препораки повеќе не се релевантни или не даваат доволна тематска разновидност и поради тоа се одлучиле да го преземат овој чекор. Сметаат дека оваа опција ќе се издвои од останатите, бидејќи ниту Инстаграм, а ни Фејсбук не го овозможуваат тоа.
Алгоритамот на ТикТок е поинаков, учи многу побрзо, на темел на вашите вистински навики на гледање, со вашето однесување во апликацијата која постојано се ажурира и го усовршува својот алхоритамнски состав, кој потоа му овозможува прикажување на видеата со најдобра изведба од целата апликација.
Сите други апликации сега се трудат да стигнат овој чекор и работат на подобрување на сопствените автоматизирани препораки, но досега ниту една се нема приближено до уверливото искуство кое го дава високо прилагодениот состав на ТикТок.
„Внимателно сме насочени на овој предизвик и работиме на дизајнирање на составот кој негува различни теми. На пример, на гледачите нема да им бидат прикажани две видеа по ред кои ги направил ист креатор или кои користат ист звук, а се обидуваме и да го избегнуваме прикажувањето на она што веќе го виделе“ - порачуваат од ТикТок.
фото: unsplash.com