Орео сладолед од три состојки: Готов е за миг (ВИДЕО)

Орео сладолед од три состојки: Готов е за миг (ВИДЕО)

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Ако сте во потрага по брз десерт кој ќе ве разлади во овие топли денови, моментално се наоѓате на вистинското место, бидејќи во продолжение ви подаруваме рецепт за брз Орео сладолед. Исто така, уште една одлична работа е што за него ви се потребни само три состојки.

Состојки:

1 пакување Орео кекс;

100 милилитри млеко;

100-150 грама чоколадо.

@marijamazalin Prebrzi, prejeftini i PREFINI Oreo sladoled  3 ingredient Oreo ice cream  #oreo #sladoled #icecream #recept #recepti #jednostavnirecepti #yummy #brzirecepti #lakirecepti #recipe #recipes #delicious #food #foodie #foodtok #tasty #chocolate original sound - Marija Mazalin

Подготовка:

Кексот искршете го во пакувањето, а потоа ставете го исправено во чаша. Врвот од пакувањето исечете го и додајте млеко до средината, односно додека не се прекрие кексот. Потоа во пакувањето ставете стапче за сладолед и оставете го вечерта во замрзнувач.

Чоколадото за готвење растопете го и оставете го да се олади 15-тина минути. Додека смесата од чоколадо се лади, од замрзнувач извадете го замрзнатиот Орео кекс и млекотото и оставете малку растопи на собна температура. Отстранете го пакувањето од сладоледот и потопете го во растопеното чоколадо.

Уживајте во овој брз десерт.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: