Организирај се за да не доцниш наутро!
Постојано доцниш на првиот час и постојано те прекоруваат за тоа. Многу е веројатно дека некаде грешиш и тоа веднаш штом ќе ги отвориш очите наутро. Штом се разбудиш може да правиш многу покорисни работи од тоа да мислиш што ќе облечеш или во паника да трчаш низ собата и да го местиш ранецот барајќи тетратки и учебници. Следи ги овие неколку совети и наутро подобро ќе се оргарнизираш:
1. Остави го телефонот подалеку од креветот. Така кога ѕвони алармот, нема да можеш да го исклучиш и да продолжиш да спиеш.
2. Подигни ги ролетните или повлечи ги завесите. Нема како да се успиеш, ако сонцето наутро ти свети во лице.
3. Подготви го ранецот и облеката или барем сите најважни работи што ти требаат (пари, клучеви и сл.) од претходната вечер.
4. Провери ја временската прогноза , за да знаеш каква облека да облечеш од вечер и дали да го подготвиш чадорот.
5. Испеглај ја облека од претходната вечер.
6. Координирај се со семејството. Обиди се да не ја користиш бањата во исто време со цело семејство или да се туркаш пред огледало со брат ти или сестра ти.
7. Измиј го лицето со ладна вода за да се расониш побрзо.
8. Носи слична облека секој ден, така нема да губиш време наутро во размислување што да облечеш.
9. Не ги прегледувај профилите на социјалните мрежи. Ова остави го за на големиот одмор или за подоцна во денот.