Орландо Блум се пожали: За улогата на Леголас не добив ништо
Актерот Орландо Блум, познат како заводникот кој е виновен за почетокот на Тројанската војна, симпатичниот ковач кој стана капетан на „Летачкиот Холанѓанец“ без срце, храбриот елф Леголас од Господарот на прстените...
Последниот лик сигурно му е и највпечатлив, но и „најевтин“.
Имено, гостувајќи во радио емисијата на Хауард Стерн, Орландо Блум откри дека за сите три филма „Господар на прстените“, за кои имаат заработено 3 милијарди долари, тој добил „само“ 175.000.
„Ништо не добив. Ништо. 175.000 долари, но тоа беше најубавиот подарок во мојот живот, тие филмови. Би ги снимил повторно и тоа за половина од тие пари.“ - рече актерот.
Блум откри дека направил пари кога го снимал „Пиратите од Карибите“, односно кога какоо Вил Тарнер застанал рамо до рамо со Џони Деп и неговиот капетан Џек.
„Тоа беше добро. Агентите ми направија добар договор, а јас од филмот успеав да купам неколку куќи“ - се пофали Блум.