Основци во училишниот двор пронашле женска чанта: Ни секунда не се размислувале што да направат

Основци во училишниот двор пронашле женска чанта: Ни секунда не се размислувале што да направат

Објавена во: Совети // School zone

„Верувам во нашата иднина која ќе ја градат овие млади луѓе“

Ученици од основното училиште „Исидора Секулиќ“ во Панчево, покрај училишниот двор пронашле женска чанта и ниту еден момент не се двоумеле што да направат. Повикале полиција и ја предале на сопственичката, која сакала и јавно да им се заблагодари и да го истакне нивниот чин со кој целото училиште се гордее.

Учениците од седмо и осмо одделение, играјќи фудбал во училишниот двор, забележале чанта на тротоарот. Кога ја отвориле виделе дека во неа има паричник, телефон, картички и лични документи.

„Дилеми немаше и веднаш одлучивме да повикаме полиција и да ја пронајдеме жената. Полицијата се најде тука, ние ги застанавме“ - вели за РТС, Михајло Белиќ, ученик во седмо одделение во ова основно училиште.

Владан Савиќ, ученик од седмо одделение кажа дека му е драго што направиле добро дело.

Кога забележила дека ја изгубила чантата, Јованка Благојевиќ веднаш повикала полиција чија патрола брзо стигнала до Судот за прекршоци во кој што таа работи. 

„Ми предложила да поднесам пријава и да ме однесат до полициската станица. Во автомобилот седнав тажна и замислена. Одеднаш ми кажаа дека деца ми ја пронашле чантата. Бев пресреќна, бидејќи животот ми беше многу отежнат. Навистина се сите прекрасни и многу сум им благодарна. Верувам во нашата иднина која овие млади луѓе ќе ја градат“ - истакнува Благојевиќ.

Во училиштето сите се горди на овој добронамерен чин на учитениците и другарите од кои вакво нешто можеше да се очекува, пишува „Телеграф“.

фото: Принтскрин / РТС

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: