Остана во солзи поради Анастасија: Новото момче на Ражнатовиќ ја остави „Ураганката“ за неа
Само што се запознаа, полуде по Анастасија Ражнатовиќ
Само неколку недели откако раскина со Ѓорѓе Куљиќ, веста дека Анастасија Ражнатовиќ е среќна во љубовта повторно одекна како бомба. Имено, како што објавија медиумите, таа стапила во врска со српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ.
Штом се запознале полудел по Анастасија.
А како што сега пишуваат некои домашни медиуми, Немања Гудељ се уште не ги расчистил односите со поранешната девојка, пејачката Сања Вучиќ.
Според магазинот „Свет“, Ураганката Сања останала без зборови:
- Сања никогаш отворено не зборуваше за врската со Немања, но навистина се заљуби во него. Им беше тешко да одржат врска на далечина. Никогаш официјално не ја прекинаа врската, ниту се скараа. Сања од медиумите дознала дека Немања има нова девојка, и многу се налутила поради тоа. Иако имале чудна врска, навистина и било жал што тоа не го слушнала од него.
Се се случило брзо, Анастасија и Немања иако се познаваат кратко време, се однесуваат како цел живот да се заедно - вели изворот и додава:
- Таа без размислување го прифати неговиот предлог да дојде во Шпанија и да се сретне со неговото семејство, иако тие се во врска помалку од еден месец. Таа одлично се вклопи и Гудељ ја прифати како член на семејството.
извор:zenskikutak