Останала без око, во училиште сите ја малтретирале: Од борба со тешка болест до ѕвезда!
И покрај неволјите што ја снајдоа, Кејти не дозволи нејзиниот инвалидитет да ја спречи да освојува трофеи во јавање, да заработи за возачката дозвола и да испроба други нови работи.
Кејти Елиот, и покрај тоа што страдала од насилство од врсници, успеала да ја задржи својата ментална сила и да стане модел, но и наградуван јавач на коњи.
Кејти чувствувала болки во десното око уште од својата четиригодишна возраст. Нејзината мајка ја однела на лекар кога забележала дека зеницата ја менува формата. Била дијагностицирана со ретинобластом во 2007 година, кога лекарите откриле тумор од еден сантиметар во нејзиното око. Еден месец подоцна, туморот ѝ бил отстранет и почнала со хемотерапија.
-Туморот ми вршеше голем притисок на окото, што предизвика голема болка. На моето семејство му рекоа дека нема шанси да се спаси окото - изјави таа за „SWNS“.
Една година подоцна, на Кејти ѝ било кажано дека конечно е излечена. Но, за една девојка која јава коњи од самото раѓање, животот со едно око бил тежок.
@katieelliott3 We already did it#fyp #foryoupage #glasgow #2022 #foryou #chrisbrown #fo We already did it - Zoe Elizarraraz
- Сите беа загрижени дека нема да можам повторно да јавам бидејќи се промени мојата длабочина на перцепција - објасни таа.
Во тоа време, оваа храбра девојка се соочувала со зголемено насилство од врсниците, поради што деновите минувала плачејќи во тоалетот.
- Ме викаа Мајк Вазовски, од филмот „Monsters, Inc“. , затоа што имав едно око.
И покрај неволјите, како и нејзината „несмасна“ природа, Елиот не дозволила нејзиниот инвалидитет да ја спречи да освојува трофеи во јавање коњи, да заработи за возачката дозвола и да испроба други нови работи. Со текот на времето, Елиот научила да ја прифати нејзината попреченост и да ги поддржува онлајн заедниците.
@katieelliott3 original sound - Erin Williams
- По грубите коментари, имав долга кафена коса и се обидував да ја покријам десната страна на лицето за никој да не ја забележи толку многу - се присетува таа, навраќајќи се на првиот пат кога објави фотографија на која е без протеза за окото.
Во февруари таа потпиша договор со агенција фокусирана на подигање на свеста за попреченостите.
- Бев навистина нервозна, но добив толку многу љубов. Се чувствувам многу поубаво.
Елиот планира да ја искористи својата платформа за да зборува против малтретирањето.
„Она што ве прави поинакви ве прави единствени“, рече таа.
Фото: Инстаграм
Видео: ТикТок