Останав со отворена уста - Лина Пејовска ги освојува Хрватите во шоуто "Звјезде - љетни хит"
Младата пејачка Лина Пејовска, реши повторно да излезе од границите на Македонија. Овој пат изборот падна на хрватското музичко шоу "Звјезде - љетни хит". На своето прво претставување пред хрватската публика го отпеа евровизискиот хит "My number one" од Елена Папаризу.
Лина го воодушеви жирито со својата изведба, а и харизма. " Ти си совршена! Јас не знам што си ти! Ти си врв! Јас те гледав со отворена уста, прекрасна си, се движиш на сцена... Совршена си!" - воодушевено изјави Андреа една од членовите на жирито.