Остро: Тејлор Свифт бара од судијата повторно да го преиспита случајот околу нејзиниот хит „Shake It Off“
Популарната пејачка Тејлор Свифт го размрда правниот свет откако од судијата побара да го преиспита преминувањето на судењето пред порота поради синглот „Shake It Off“. Тужбата ја поднесоа текстописците на песната „Playas Gon' Play“ од 2001 година, Шон Хол и Хејтан батлер, тврдејќи дека пејачката ги украла нивните стихови што ги напишале за групата 3LW.
Федералниот судија го одби претходното барање на пејчаката да ги отфрли судењето, меѓутоа, Тејлор и нејзиниот тим адвокати бараат од судијата да го преиспита случајот, редок потег што се користи само кога судиите донесуваат одлука и има јасна грешка во нивната пресуда.
Тужбата беше поднесена од Шон и Нејтан уште во 2017 година, тврдејќи дека пејачката им ги укралас стиховите „playas, they gonna play“ и „haters, they gonna hate“ и ги претворила во „cause the players goona play“ и „haters gonna hate“. Додека „Playas Gon' Play“ го достигна скромното 81-во место на Хот 100 листата на сиглови на Билборд во 2001 година, „Shake It Off“ беше огромен хит. Песната, во 2014 година помина четири недели на врвот на листата.
На 9 декември, американскиот окружен судија Мајкл В. Фицџералд го одби барањето на Тејлор да го отфрли случајот, велејќи дека за тоа треба да одлучува порота составена од нејзини колеги. „Иако има некои забележливи разлики меѓу делата, постојат и значителни сличности во употребата на зборовите и структурата, кажа тој.