Освои прво место на меѓународен натпревар: Петтоодделенка од Прилеп го напиша најдобриот есеј на англиски јазик (ФОТО)

Освои прво место на меѓународен натпревар: Петтоодделенка од Прилеп го напиша најдобриот есеј на англиски јазик (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Наставниците и соучениците се горди на Софија...

Петтоодделенката Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп постигна успех на Меѓународниот натпревар „Hippo 2023“. Имено, во големата конкуренција, оваа млада девојка го освои првото место на светско ниво во категоријата „Hippo 1“.

Оваа вест беше споделена на Фејсбук страницата на училиштето, чија ученичка е Софија, а дека нејзините наставници, како и соученици се горди на неа, потврдува описот на фотографиите, како и коментарите под објавата.

„Во рамките на Меѓународниот натпревар Hippo 2023, оваа година за прв пат имаше натпревар за есеи во сите возрасни категории. Нашата Софија Златареска од V-1 одделение, под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, нѐ направи горди како училиште, затоа што го доби ПРВОТО место во нејзината категорија Hippo 1. Повторно Основното училиште „Климент Охридски“ е број еден меѓу училиштата во светот, а успешната приказна на Софија ќе се најде во првата книга за мемоари што ќе биде издадена наскоро. Ученици Вие сте вистински амбасадори на нашето училиште и Македонија! Се гордееме со вас!“ - стоеше во објавата на Фејсбук сраницата на училиштето.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: