Откирено е кое е кинеското девојче на кое Новак му го даде рекетот: Има српско име и тренира тенис
Нов гест на големиот шампион и човек!
Не само што е најголем тенисер на сите времења, туку Новак Ѓоковиќ е и голем човек, а тоа се гледа одново и одново и на големите финалиња кои ги игра. Новак по освојувањето на „Ролан Гарос“ го воодушеви младото момче од Мексико, на кое му го подари рекетот и го натера да „полуди од среќа“, а сега нешто слично направи и откако го шести пат го освои „Вимблдон“.
Овој пат Новак рекетот ѝ го подари на една млада девојка која го бодреше од трибините и која за време на целиот натпревар во рацете држеше транспарент, кој очигледно му го привлече вниманието на познатиот тенисерски ас. На него беа испишани зборовите: „Број 1, неверојатен, историски, амбициозен, атрактивен“.
Откако Новак го заврши натпреварот, ѝ пријде и ѝ го подари рекетот. Среќата на лицето на девојчето беше забележана и од страна на репортерите, најпрво додека го добиваше рекетот, а подоцна и како плаче од среќа во прегратките на својот татко.
Британскиот Телеграф успеа да дојде до семејството на девојчето, па разговараше со нејзината мајка Крис, која откри детали за малото девојче кое има и српско име, се вика Иванка Ли.
„Иванка е воодушевена. Разговаравме по телефон и ме праша „Што се случи, дали ова е вистински рекет?“ Јас за тоа време го шетав кучето со 5 - годишниот син, бидејќи тој поради годините не можеше да влезе на трибините. Би сакала само сите да бидеме заедно“ - кажа нејзината мајка.
„Игра тенис и навистина многу работи. Прилично се подобри во последните три месеци. Тоа беше првпат мојата ќерка да биде на финалето на Вимблдон. Би сакала овој рекет да ѝ донесе среќа и еден ден и таа да може да игра на Вимблдон. Таа апсолутно многу го сака тенисот, го гледа секој натпревар со мене.“
Токму тие двете го направиле транспарентот на кој пишувало НОВАК, а секој збор имала посебно значење на англиски јазик. Н, значело број 1, О дека е неверојатен, В дека е победник, А дека е амбициозен и последното К се односи на бакнежи.
„Таа ги смисли сите зборови, освен последниот. Сакаше последниот збор да биде крал или прекрасен, но јас сакам да биде нешто смешно. Навистина го обожуваме Новак. Тој работи напорно, тој е сè што еден тенисер сака да биде. Толку е добар и скромен“ - заклучи мајката на Иванка за „британски Телеграф“.
фото: AP/Tanjug