Откриена причината за смртта на ќерката на рок& рол легендата Елвис Присли: Лиза Мари Присли починала од компликации по операција

Откриена причината за смртта на ќерката на рок& рол легендата Елвис Присли: Лиза Мари Присли починала од компликации по операција

Објавена во: Stars // Музика

Лиза Мари Присли, единицата на рок & рол легендата Елвис, починала од интестинална опструкција, изјави патологот од округот Лос Анџелес. Опструкцијата била резултат на адхезија, која била предизвикана од операцијата за слабеење што ја направила пред неколку години.

Присли, починала откако била пренесена во болница во Калифорнија на 12 јануари. Имаше само 54 години. Последен пат се појави во јавноста два дена пред нејзината смрт на доделувањето на наградите Златен глобус.

Во моментот на смртта на Присли, локалните власти соопштија дека прва помош била испратена во нејзиниот дом во Калабасас, каде што била пронајдена во моментот на срцевиот удар.

Во четвртокот, патологот заклучил дека Присли починала од природна смрт и дека срцевиот удар бил предизвикан од „опструкција на тенкото црево“. 

Одредени состојби кои водат до воспаление на дебелото црево, исто така, може да предизвикаат опструкција. Во случајот на Присли, патолозите утврдиле дека адхезијата била предизвикана од операција за слабеење, позната како баријатриска операција, на која таа била подложена пред неколку години.

„Ова е позната долгорочна компликација на овој тип на операција“, се наведува во извештајот на патологот.

Анџелика Кампен, лекар од собата за итни случаи во медицинскиот центар Провиденс Сент Џозеф во Бурбенк, Калифорнија, изјави за CBS дека смртните случаи од интестинална опструкција се ретки.

Во многу такви случаи, пациентите чувствуваат силна болка поради која обично се хоспитализирани.

Лиза Мари Присли беше погребана покрај нејзиниот син Бенџамин Ки, кој изврши самоубиство во 2020 година.

 

Фото:lisampresley/instagram

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: