Откриено е за што зборувале Хари и Вилијам: Човек што чита од усни ги откри деталите за разговорот, а клучна беше оваа реченица

Откриено е за што зборувале Хари и Вилијам: Човек што чита од усни ги откри деталите за разговорот, а клучна беше оваа реченица

Објавена во: Живот // Живот

Вилијам и Хари се сретнеа на настанот по повод откривањето на статуата на принцезата Дајана, а експертите за невербална комуникација открија за што разговарале во таа прилика.

Војводата од Сасекс се врати од Соединетите Американски Држави за заедно со брат му ја откријат статуата на нивната мајка, принцезата Дајана. Тоа беше втора средба на Хари и Вилијам, по бомбастичното интервју со Опра Винфри, кое дополнително им ги влоши односите.

Првпат браќата се сретнаа во април на погребот на принцот Филип. Принцовите на кратката церемонија во палатата Кенсингтон ја открија статуата на принцезата Дајана на денот на нејзиниот 60 - ти роденден.

Браќата, кои имале само 15 и 12 години кога нивната мајка настрада во автомобилска несреќа во 1997 година, со говорот на телото покажаа каква љубов ги поврзува и покрај несогласувањата.

Експертот за невербална комуникација Џуди Џејмс тврди дека принцот Хари се обидувал да биде опуштен, но дека нервозата му била откриена по една постапка, додека Вилијам се покажал како вистински постар брат.

Смирениот Вилијам, според човекот што чита од усни, на Хари му кажал: „Важно е да ја откриеме статуата како што доликува“. Додека се движеа кон статуата, Вилијам исто така кажал: „О, па ова изгледа прекрасно“, а Хари се надоврзал велејќи: „Спектакуларно“.

„Хари нешто правеше со бурмата што е очигледен показател на тоа дека своето семејство го чувствува како извор на утеха под притисок“ - изјави Џејмс за „Мирор“.

Имено, покрај него на церемонијата не беше Меган Маркл, како ни неговите деца. Не е првпат Хари да биде виден како ја допира својата бурма за време на кралските церемонии, а експертот смета дека тоа го прави кога е „под притисок или кога е осамен“.

„Нивниот говор на тело беше скоро идентичен, беа огледало еден на друг што ја докажува нивната длабока поврзаност. На моменти не можеа да ја сокријат нервозата, а се виде и дека се многу внимателни, бидејќи беа свесни дека луѓето ќе го прочитаат нивниот говор на телото. Немаше размена на помали, мрачни погледи или нешто слично“ - додаде.

Особено, тврди, беше емотивен моментот кога браќата првпат ја видоа статуата на нивната мајка. Следуваше мал момент во кој размислуваа, а потоа Хари погледна кон Вилијам.

„Тоа беше нивниот краток, интимен момент, Хари сакаше тоа чувство да го подели со брат му“ - заклучи Џуди Џејмс.

фото: YUI MOK/PA WIRE / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: