Откриено е зошто децата се опседнати со „Леденото кралство“: 6 причини зошто никогаш не им е доста од Елса, Ана и Олаф

Откриено е зошто децата се опседнати со „Леденото кралство“: 6 причини зошто никогаш не им е доста од Елса, Ана и Олаф

Објавена во: Stars // Филм

Иако е објавен во 2013 година и по него се појавија многу анимирани филмови за деца, популарноста на „Леденото кралство“ не опаѓа. Зошто светот полуде за ледениот Арендел?

Обично играчките, ранчињата и облеката со ликовите од одредени ликови од цртаните филмови се најпопуларни во времето на неговото прикажување. Меѓутоа, има и „класици“ кои се обожувани без оглед на актуелноста во светот на детската кинематографија, како Мики Маус. 

Сепак, Ана, Елса и Олаф од „Леденото кралство“ се закануваат дека ќе го загрозат местото на најпознатиот глушец на светот, а десет години по објавувањето на овој анимиран филм, воодушевувањето кај децата од необичната ледена кралица, нејзината трапава сестра и слаткиот снешко не запира.

Во што е тајната на „Леденото кралство“?

# Во прашање е квалитетен филм 

„Леденото кралство“ освои Оскар за најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна.

Овој хит беше награден со Греми и многу други признанија. Без сомнеж, во прашање е многу квалитетно остварување, признаено од најголемите светски експерти.

via GIPHY

# Секако, станува збор за „Дизни“

Компанијата „Дизни“ не случајно стана синоним за цртани - нивните остварувања се забава во која може да ужива целото семејство, па дури и возрасните почнуваат да пејат некоја песна од овие култни остварувања. Има интересни пресврти, заразни мелодии, духовити дијалози, а хероите на „Дизни“ најчесто зборуваат со гласовите на најпознатите актери на планетата.

„Кога детете гледа дека родителот ужива во некој филм, поголема е веројатноста дека и тоа ќе ужива во него“ - истакна педијатарот д-р. С. Даниел Ганџијан од Здравствениот центар „Сент Џон“ во Санта Моника за „Romper“.

via GIPHY

# Прицезите се секогаш забавни

Како што објаснува д-р Ганџијан, филмовите за принцезите се секогаш примамливи за децата, но кај „Леденото кралство“ е важно тоа што принцезите се херои.

„Децата треба да научат дека успехот не зависи од другите. Учите ги дека промената не доаѓа од некоја надворешна сила, како што е принцот, туку од внатрешниот поттик за промена“ - вели тој.

За разлика од некои постари принцези, кои чекале принцот да ги спаси од кулата, Елса и Ана работите ги зимаат во свои раце и бакнежот од некое момче не е единственото нешто што е потребно за среќен крај. Кој не би посакал да се поистоветува со некој таков херој?

# Тие ја прикажуваат нивната возраст

„The Washington Post“ своевремено изнесе интересна теорија дека „Леденото кралство“ на многу суптилен начин го претставува светот од перспектива на детето - поточно, претучилишната возраст.

Емоциите на Елса се силни, неконтролирани во некои наврати, страствени - исто како и кај децата од помала возраст, кои уште учат како треба да се изборат со тоа дека нешто не можат, не умеат или не смеат.

Покрај тоа, семејните врски во „Леденото кралство“ се клуч на сѐ, посилни се од бакнежите од вистинската љубов. За децата, семејството е цел свет, па односот на Елса и Ана е нешто со што може да се поистоветат.

# Нема вештерка

Уште една интересна теорија за која се шпекулираше е дека важен фактор е и отсуството на моќните зли сили, претставени како злобни вештерки. Наводно американските деца на родителите често им спомнувале дека филмот им се допаднал бидејќи немало вештерки и злобни чудовишта. Иако принцот Ханс, негативецот во „Леденото кралство“ е прилично злобен, тој и понатаму е човек.

Тоа е голема разлика во однос на останатите цртани на „Дизни“, во кои и оние ликови што не се чудовишта изгледаат како чудовишта. Злобната маќеа на Пепелашка беше само жена, но беше пострашна од многу вештерки, а да не зборуваме за Круела де Вил! Па дури и Скар, кој е само еден лав, имаше лик на монструм и злобен волшебник.

via GIPHY

# И, секако, Олаф

Објаснувањето тука е непотребно - видите го и сѐ ќе ви стане јасно:

via GIPHY

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: