Откритие во полициски час: Александра Јанева сподели од кој го има наследено талентот

Откритие во полициски час: Александра Јанева сподели од кој го има наследено талентот

Објавена во: Stars // Музика

За време на оваа социјална изолација, надополнета со 24 - часовните полициски часови, многу пејачки ги испеаја своите најголеми хитови и им дозволија на обожавателите да уживаат во нивната музика. Една од нив е младата пејачка Александра Јанева, која постојано објавува видеа на кои пее, како нејзини, така и песни од познати музички ѕвезди.

Во обидот да ја сними пијано верзијата на „Врати ми го сонцето“, пејачката наиде на еден интересен проблем. Имено, нејзината мајка во позади го пушти својот глас, а Александра ја остави да ја отпее песната наместо неа. На овој начин таа ја сними првата „live“ верзија на мајка и, а воедно на обожавателите им откри од кој го има наследено талентот за музика.


Оваа прекрасна изведба по рефренот заврши, поради солзите од возбуда кои ги пушти нејзината мајка.

Може да ве интересира:

АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА: „Не останав имуна на љубовта, тагата и среќата кои ги носи тој голем емотивен рингишпил“!

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: