Откриваше нови таленти: Кој познат македонски пејач беше дел од шоуто на Драган Вучиќ?

Откриваше нови таленти: Кој познат македонски пејач беше дел од шоуто на Драган Вучиќ?

Објавена во: Stars // Музика

Многу македонски музички ѕвезди своите почетоци ги имаа на музички натпреварувања или талент шоуа. Во оваа група се вбројува и еден од најпознатите поп - пејачи Влатко Лозаноски. Него јавноста го запозна во музичкото шоу „Мак ѕвезди“ на Драган Вучиќ, кој денеска почина, како последица од коронавирусот.

Во едно од интервјуата за Женски магазин, Лозано ги сподели сеќавањата од ова музичко натпреварување, како и од неговите последици:

„Многу сеќавања, многу спомени. Патот не беше лесен секако, но забавен, разнолик. Почетоците беа од таму точно, шоуто започна откомври 2007 година, но официјално кариерата ми започнува 2008 со мојата прва песна „Врати ме“. Уште на стартот на шоуто на „Мак ѕвезди“, сакав публиката да ме знае како Лозано, поради тоа што претходно сите ме познаваа така. Во  една прилика кога им кажав во шоуто дека сакам така да бидам именуван, добив одговор дека мора со целосно име и презиме, дека потоа сите учесници ќе сакаат да бидат именувани по нивен избор, а на почетокот бевме 30 натпреварувачи.“


Може да ве интересира:

Наши пејачи кои што се пробија преку талент шоуа!

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: