ОУ „Ванчо Прке“ од Штип раскажува новогодишна бајка
Во рубриката „Од училишните клупи“ ни пристигнаа фотографии од едно прекрасно украсено училиште во Штип. Станува збор за ОУ „Ванчо Прке“ кое успеа да го претвори својот простор во идиличен амбиент во кој уживаат учениците, а и наставниците. Централното градско училиште е веќе добро познато како УРБАНО училиште во кое овојпат новогодишната магија создаде еден сосема поинаков свет од останатите училишта. Убаво е да се учи и работи во вакво училиште. На креативните умови и талентираните срца им честитаме, а вам ве оставаме да уживате во галеријата преполна со новогодишен дух.
Во училиштето секоја година традиционално се одржува Новогодишен базар на кој учениците ги изложуваат своите изработки. А за едно училиште да изгледа вака и во него да уживаат и наставниците и учениците секако заслуга има и дитекторот на училиштето Методи Папаров.
Фото: @majaramona, Facebook