Ова девојче има три годинки и е убаво како ангел: Но, омилената кукла со која спие ќе ви влее страв во коски (ФОТО)

Ова девојче има три годинки и е убаво како ангел: Но, омилената кукла со која спие ќе ви влее страв во коски (ФОТО)

Објавена во: Совети // Другарство

Девојчето не се одвојува од куклата за која многумина тврдат дека е морничава и дека не би ја чувале во својата куќа

Нејзината мајка ја купила куклата Клои во поп-ап продавница за Ноќта на вештерките, и од тој момент, тригодишната Американка, Брајар, не излегува од дома без неа, иако повеќето други деца плачат или бегаат веднаш кога ќе ја видат морничавата кукла.

И покрај тоа што изгледа застрашувачки, Клои има дополнителни опции; па со притискање на едното копче очите ѝ светат црвено, а на другото копче започнува нејзиното детско кикотење кое полека прераснува во зла демонска смеа..

Сепак, за малата Брајар, Клои е она што го имаат повеќето нејзини врсници - таа една играчка која може да ги смири и утеши, па девојчето секоја вечер ја носи својата Клои во кревет...

- Кога луѓето на улица ќе ја видат со таа кукла, почнуваат чудно да ме гледаат и мене, а повеќето деца се плашат да поминат покрај нив две! – изјавила мама Британи, која, како што вели, „често мора да им објаснува на загрижените минувачи дека девојчето ја обожава застрашувачката Клои“.

Мајката објасни дека тоа било љубов на прв поглед и девојчето веднаш побарало да ја купат.
За разлика од постарата сестра, тригодишното девојче е воодушевено од новата пријателка без која не излегува ни надвор, а дома ја игра, ја чешла и пресоблекува...

 -Таа дури инсистираше да ја земеме кога отидовме во Дизниленд, а кога ѝ реков дека не може, таа ми одговори: „Но, јас сум нејзината мајка и ѝ требам!“, објасни Британи. 

- Ги споделив нејзините фотографии на Фејсбук, а објавата веднаш стана вирална бидејќи никој не можеше да поверува дека куклата не ја исплашила - изјавила мајката за Метро и додала дека таа и нејзиниот сопруг отсекогаш ја сакале Ноќта на вештерките; но само забавната страна на празникот; костимите и бонбоните... 


извор:najzena


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: