Ова е ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ: Џина има 17 години и е во врска со млад фудбалер

Ова е ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ: Џина има 17 години и е во врска со млад фудбалер

Објавена во: Живот // Живот

Брачниот пар Џиновиќ ја одобрува врската на својата ќерка...

Иако родителите им се познати и популарни, децата на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина и Кан, до скоро никогаш не се експонираа јавно и не беше познато ни како изгледаат тие, пишува Glossy.

Ќерката Џина сега има 17 години, а Кан 16, а постарата миленичка на Џиновиќ е навистина активна на социјалните мрежи. Таа редовно споделува фотографии на Инстаграм и повеќе од јасно е дека израснала во вистинска убавица.

Таа е во врска со фудбалерот Андреј Ѓуриќ. 

Мелина за „Блиц“ откри дека тие како родители ја поддржуваат таа врска.

„Харис и јас без проблем ја поддржавме таа врска, бидејќи Андреј Ѓуриќ е едно фантастично момче. Фамилијарно многу го сакаме, а работата е во тоа што Харис беше тој кој ја дозволи таа љубовна приказна, а мене ми беше малку шокантно.“

Инаку, Мелина откри дека таа е онаа од која децата се плашат.

„Со Харис имаат попријателски однос, од мене се плашат повеќе. Секогаш мора да има некој кој ќе биде таков, но инаку сме многу избалансирани“ - призна Мелина во „Премијера - Викенд Специјал“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: