Ова е ќерката на Мистер Бин со која не разговара бидејќи направил страшна работа: Сите велат дека е убава на мајка ѝ, а фотографиите кажуваат сѐ

Ова е ќерката на Мистер Бин со која не разговара бидејќи направил страшна работа: Сите велат дека е убава на мајка ѝ, а фотографиите кажуваат сѐ

Објавена во: Совети // Семејство

Лили Састри, ќерката на познатиот комичар Роуан Аткинсон, најпознат по улогата на Мистер Бин, е вљубеничка во театарот и кабаре. Можеби не тргнала целосно по стапките на татко ѝ и не очекува помош од него бидејќи не се во добри односи.

Лили најмногу личи на нејзината мајка Сунатра Састри. Таа има кратка кадрава кафена коса, нвели дека не сака многу шминка и најмногу го сака природниот изглед.

Таа има свое шоу кое го носи нејзиното име, со кое ги обиколува лондонските клубови. Пишува песни, пее и глуми, па се чини дека актерскиот талент на татко ѝ се пренел и кај неа, иако не се во најдобри односи.


Аткинсон се ожени само еднаш, во 1990 година со Сунетра Састри. Со неа имаше две деца Бен и Лили, но брачниот живот заврши во 2014 година кога се дозна за аферата на актерот со комичарката Луиза Форд. По разводот и целосната разделба на семејството, Аткинсон пред две години го доби своето трето дете. 

Проблематичниот приватен живот на комичарот остави емоционални последици кај децата од првиот брак. Имено, неговата ќерка Лили му замерила што ја оставил мајка ѝ. По разводот на нејзините родители, ќерката на Аткисон го променила презимето во презиме на нејзината мајка.


Лили како девојче доби улога во филмот „Заб“, а потоа со татко ѝ ги сними комедите „Мистер Бин на одмор“ и „Џони Инглиш“. Тоа беше и нејзината последна актерска работа бидејќи Лили целосно се заљуби во кабаре.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: