Ова е ќерката на сестрата на Северина: Миа е во лоши односи со мајка си Маријана, но ја обожава својата тетка

Ова е ќерката на сестрата на Северина: Миа е во лоши односи со мајка си Маријана, но ја обожава својата тетка

Објавена во: Совети // Семејство

Северина еднаш откри како го избрала името за својата внука

Пејачката Северина Вучковиќ во вторникот попладне била пречекана од полицијата на аеродромот во Загреб. Причината била семејна расправија меѓу Северина и нејзината сестра Маријана во стан во Сплит, пред очите на нејзината мајка, по што била приведена.

Сестрата на Северина, Маријана, ја има ќерката Миа, која не е во добри односи со мајка си, а извесен период живееше со пејачката, односно тетка ѝ.

Економистката Миа и нејзиниот партнер Иван Лепушиќ живеат во непосредното соседство на Северина, а Миа се грижела за синот на Северина, Александар, кој ја обожава. Дури некое време живеела со тетка ѝ.

Северина пред неколку години откри како го избрала името за својата внука.

- Во нас има некои чувства кои не се преведуваат со зборови... кога се роди ѝ дадов име... Миа, не знаејќи ни колку тоа име ќе ѝ одговара... затоа што е слатка и затоа што е моја - напиша Северина како опис на фотографијата со Миа.

Се шпекулира дека пејачката се степала со нејзината сестра Маријана откако таа ѝ забранила да се гледа со нивната мајка Ана. Маријана не можела да го прифати однесувањето на нејзината сестра, па ја пријавила во Центарот за социјална работа, тврдејќи дека Северина ја злоставувала нивната мајка и ја спречувала да има контакт со неа.

(Telegraf.rs)


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: