Ова е „лајв“: Антониа и Трајче помеѓу публиката од 60.000 на концертот на Шерифовиќ

Ова е „лајв“: Антониа и Трајче помеѓу публиката од 60.000 на концертот на Шерифовиќ

Објавена во: Stars // Музика

Вчеравечер, евровизиската победничка Марија Шерифовиќ уште еднаш докажа и покажа зошто е број еден на Балканот. Во соработката со новата музичка апликација YouBox, направи „лајв“ концерт, кој го следеа повеќе од 60.000 луѓе.

Иако, стадионот „Партизан“ беше празен, луѓето од своите топли домови уживаа во нејзиното музицирање. Помеѓу масата нејзини обожаватели беа и младите пејачи Антониа Гиговска и Трајче Ѓоргиев, кои на Инста стори покажаа дека го следат истиот.

„Е, ова е лајв. Кралица“ - на својата објава напиша талентираната Антониа, која неколку пати досега има пеено песни од Марија.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: