Ова е најемотивното видео што ќе го видите денес: За 24 часа го погледнале 2 милиони луѓе и сите велат дека речиси никогаш не виделе нешто поубаво

Ова е најемотивното видео што ќе го видите денес: За 24 часа го погледнале 2 милиони луѓе и сите велат дека речиси никогаш не виделе нешто поубаво

Објавена во: Совети // Семејство

Младата мајка Џулија Плацман сподели преслатко видео од нејзините тројки што воодушеви милиони.

На видеото се гледаат бебињата како ја гледаат својата мајка додека таа разговара со нив, а тие и одговараат со неодолива смеа која ги воодушеви сите што го погледнале видеото.

Иако видеото беше објавено пред само три дена, веќе има над два милиони прегледи. Луѓето се воодушевени од овие преслатки бебиња и нивните реакции. Многумина истакнуваат дека им е особено слатко што не ја разбираат својата мајка, но се смешкаат и се среќни само затоа што таа разговара со нив.

Во коментарите многу луѓе одговорија дека овие идентични тројки се целосно неодоливи.

„Ова видео е најслаткото нешто што сум го видел. Замислете да бидете мајка на вакви бонбони", „Не можев да престанам да се смеам додека го гледам видеото", „Ќе се вратам на ова видео кога ќе бидам тажна", „Не разбираат ништо што зборува мама, но среќни се, убави!“, „Колку те сакаат“, „Да бев на твое место, никогаш немаше да престанам да зборувам со нив, само да можев да ја слушам оваа смеа“, се дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/ Тик ток
Извор: Najzena.alo.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: