Ова е „најголемото куче“ на светот: Кога ќе се исправи на задните нозе достигнува висина на просечен човек

Ова е „најголемото куче“ на светот: Кога ќе се исправи на задните нозе достигнува висина на просечен човек

Објавена во: Совети // Семејство

Глетката која често ги возхитува лондончани е кучето Диего, кое кога ќе застане на задните нозе достигнува висина на просечен човек и тежи речиси 100 килограми, а обожува да се вози со метро и во приколка покрај моторот.

Не знаеме дали некогаш сте размислувале за тоа како изгледа најголемото куче на светот, но ако таа мисла некогаш ви паднала на ум и не можете да го најдете одговорот, сега ние ви даваме одговор на вашето прашање.

Имено, најголемото куче на светот е Диего, кој кога ќе застане на задните нозете достигнува висина од 183 сантиметри, а тежи помеѓу 90 и 95 килограми, пишува Miss7.

Освен неговата висина, она што го прави Диего екстра забавен за секој што ќе го види е фактот што е толку мрзелив што неговиот сопственик Карлос Да Силва, мора да го вози во приколка покрај моторот. 

Се разбира, исто како вистински мотоциклист, Диего носи кацига и специјални заштитни очила за кучиња, кои популарно се нарекуваат „doggles“, додека неговите огромни уши треперат на ветрот.

Послушниот Диего со задоволство го придружува Карлос во паб, во метро (со кое патуваат доколку врне) или во ресторан. Во „The Bike Shed“, мото клубот Шоредич, Диего е првото куче во историјата на местото кое станало златен член. 

„Кога одиме таму, на маста пишува: Оваа маса е резервирана за Диего и неговиот човек“ - вели Карлос.

Карлос, по потекло од Бразил, го купил Диего во 2015 година иако неговата сопруга Ели не била пресреќна, бидејќи се плаши од кучиња. На Божиќ добиле повик: на одгледувачот му останало едно куче. И така Карлос тргнал по Диего. Ели тогаш била воздражана, но Диего ја победил.

„Сега, ако ја замолам да избере помеѓу мене или Диего, Диего ќе остане“ - вели Карлос.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: