Ова е најскапата пица на светот: Секое парче чини нешто повеќе од 1.000 евра, а ова се тајните состојки (ФОТО)
Оваа пица чини цело богатство...
Ако цената на пиците кај нас ти изгледа како што прескапо, што е со некои луѓе кои би можеле да платат и до 10.000 евра за да ја пробаат најскапата пица на планетата?
Италијанскиот готвач Реанто Виола, кој стои зад идејата за најскапа пица на светот, сакал да направи пица која ќе им се допадне на неколку луѓе. Затоа пицата „Louis XIII“ ја направил од најдобрите состојки кои можел да ги пронајде и да состави цена од околу 10.000 евра.
На пицата има три различни врсти фин кавијар, свеж норвешки јастог, како и седум различни врсти сирења, а во дијаметар од околу 20 сантиметри.
Логично е дека таквата пица не може да се сервира во картонска кутија. За секој кој сака да нарача пица преку сајтот на италијанскиот готвач, ја подготвува лично Ренато Виола и ја носи во вашиот дом, заедно со уште двајца вработи, кои го подготвуваат целото искуство за клиентот. Со себе носат специјални чинии, како и пијалок со вкусниот оброк.
Ако сметаме дека пицата чини скоро 10.000 евра и ја сечеме на осум дела како што обично се прави, тогаш едно парче пица би чинело околу 1.000 евра.
фото: Принтскрин / Инстаграм