Ова е вистината: Зошто Леа Станковиќ носеше „венчаница“ на свадбата на својата пријателка?

Ова е вистината: Зошто Леа Станковиќ носеше „венчаница“ на свадбата на својата пријателка?

Објавена во: Мода // Moj стил

Инфлуенсерката Леа Станковиќ минатиот викенд беше кума на својата колешка, инфлуенсерка, актерка и пејачка Џени Мартин, која се омажи за српскиот актер Урош Јовчиќ, а фустанот кој Леа го носеше на венчавката направи вистински хаос на социјалните мрежи.

И наместо нивното пријателство да биде повод за нешто вредно за аплауз, корисниците на Твитер се потрудите на сите начини да го уништат овој ден на овие две млади девојки - со лоши коментари.

Имено, Леа Станковиќ на свадбата се појави во фустан кој изгледаше како венчаница и многу корисници на социјалните мрежи го осудија овој нејзин потег.

„Не, не е манифестација наречена колективно венчавање“ - напиша една корисничка на Твитер, со фотографиите од црквата, поради кои многумина се збунија и напишаа дека не им е јасно која е невестата, а која е кумата.

„Како не ѝ е срам, ужас“, „Невкусно, да не знам би помислила дека таа е невестата“, „Мене навистина ми е скандалозен изборот на облека на Леа за туѓа венчавка, буквално дно“ -  се само некои од коментарите на сметка на младата инфлуенсерка.

По сево ова, Леа се огласи на Инстаграм и одговори на негативните коментари.

„Џени и јас заедно ги биравме фустаните, секако дека знаеше што ќе облечам и секако дека ѝ се допадна футанот. Смешни ми се коментарите дека сум сакала да бидам поубава од неа, Џени беше толку убава, не знам зошто коментирате кој што облекол, а не едно убаво пријателство“ - порача Леа по бројните критики.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: