Ова е внукот на Бата Живојиновиќ: Имињак е на дедо му, студира на Сорбона и е вистински господин (ФОТО)
Многумина мислеа дека ќе тргне по стапките на легендарниот актер...
Внукот на легендарниот Бата Живојиновиќ е имењак на актерот, се вика Велимир и живее во Париз, каде студира на Сорбона. И покрај тоа што многумина мислеа дека ќе тргне по стапките на познатиот дедо, тој одбра сосема поинаков пат и се посвети на изучувањето на науката и инженерството.
Судејќи по тоа дека целото семејство тогаш било пресреќно, што своевремено потврди и синот на Бата, односно таткото на Велимир, Миљко, се остава впечаток дека на студиите е и повеќе од успешен.
„Сите сме среќни. Негова беше одлука дека не сака да се занимава со глума, затоа се запиша на наука и инженерство на Сорбона. Почнува од септември, здравје Боже. Сите му посакуваме среќа“ - кажа тогаш Миљко Живојиновиќ за „Курир“.
Бата зад себе остави четири внуци, на кои, според неговите зборови, бил неверојатно горд, но многумина коментираат дека токму Велимир најмногу личи на познатиот дедо.
фото: Принтскрин / Јутјуб