Ова го чекавме 25 години: Снимен е игран филм „Кралот лав“
Еден од најомилените
анимирани филмови на сите времиња, „Кралот лав“, доби своја играна верзија која во
кината ќе пристигне во средината на јули следната година. По цели 25 години, публиката
ќе има можност да се потсети на Муфаса, Симба, Нала, Тимон и Пумба, а новите
генерации за прв пат да се запознаат со нив.
Гласовите на
главните ликови во приказната за семејството, љубовта, честа, алчноста и
пријателството ги позајмија: Бијонсе, Дени Гловер, Џејмс Ерл Џоунс, Сет Роген и
други.
Во продолжение погледнете го долго очекуваниот трејлер.