Ова можеби не сте го знаеле: Овие познати личности се посвоени!

Ова можеби не сте го знаеле: Овие познати личности се посвоени!

Објавена во: Совети // Семејство

Можеме да се кладиме дека не сте знаеле дека овие познати личности се посвоени.

Постојат многу начинин за создавање на семејство. А, без разлика на кој начин се создавам, посвојување или раѓање на дете, семејството е семејство. Сите овие познати личности ги пораснале личности кои не се нивни биолошки родители. Trendchaser дознава кој се не пораснал покрај биолошките родители и кои познати личности се посвоени.

Стив Џобс – биолошкиот татко на Стив пораснал во Сирија, бил син на милионер, додека неговата мајка била од католичка вероисповест. Родителите на мајка му не ја дозволувале нејзината врска со татко му кој бил муслиман, па откако таа останала во блажена состојба решиле да го дадат детето на посвојување.

Џон Ленон – татко му на Џон бил морски трговец кој работел далеку од дома и кој не бил во Ливерпул за време на раѓањето. Од 1940 па се до 1944 тој често си доаѓал дома, за подоцна тотално да се повлече. Кога се вратил дома по 6 месеци мајка му на Џон била бремена од друг човек, а нејзината сестра го превземала старателството над Џон.

Мерлин Монро – кога мајка и имала 15 година се омажила за 9 години постар маж и имала две деца. Се развеле, а таткото ги однел децата во родниот град. По некое време таа повторно останала бремена. Идентитетот на таткото на Мерлин е непознат. Од мајчиниот дом, Мерлин се преселила во загрижувачки дома, поради болеста која ја добила мајка и (шизофренија).

Бил Клинтон – биолошкиот татко на Клинтон загинал во сообраќајна несреќа три месеци пред да се роди Бил. Мајка му одлучила да учи за медицинска сестра набрзо откако го родила Бил, па го оставила синот кај своите родители. Кога се вратила од школување, мајка му се омажила за Роџер Клинтон и Бил почнал да го користи презимето на својот очув, иако бил алкохоличар, кој го злоупотребувал.

Нелсон Мандела – татко му почил од болест на белите дробови кога имал само 9 години, па така Нелсон е одгледан од шефот на племето и неговото семејство. Мандела секогаш сметал дека ја наследил „гордата бунтовност“ од својот биолошки татко и „тврдоглавото чувство за праведност“. 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: