Ова му се случува речиси на секој тинејџер, а може да е предзнак за ужасна болест
Ентузијазам, задишаност, силно срцебиење, изгледа како да во секој момент ќе падне, ќе се онесвести. Тоа е само дел од работите кои се случуваа со англичанката Бет Ворли, која има само 17 години. Сите овие работи кои се случуваа со неа, биле придружени со постојана промена не нејзиното расположение - се случувало за било, дури и кога ракавицата би и паднала, таа започнувала да плаче.
Мајка и мислела дека тоа е така поради тоа што таа е во тинејџерските години и е влезена во пубертет и дека овие промени кај нејзиното дете се донекаде нормални, дека се појавуваат кај сите пубертетлии.
Девојката не можела да си ги контролира емоциите. Била лута и можела да уништи сè околу себе и плачела како дете. Среде сите овие неволји, започнале да и се јавуваат болки во стомакот, но тоа изгледало како ситница.
Докторите кажале дека тоа е само симптон на иритирано црево. Дека е непријатно, но дека ќе живее.
Сепак, една година подоцна, состојбата на Бет не се променила. Истата емоционалност траела, а болките во стомакот се уште биле присутни. „Немав сили да стојам на нозете. Бев толку уморна“ - признава таа.
Родителите на веќе 18- годишната девојка решиле повторно да ја однесат на лекар. Сепак, дополнителните тестови покажеле нешто застрашувачко и докажале дека таа воопшто нема проблеми со вревата. Бет имала карцинот на црниот дроб. Болеста се развила и имала метастази на многу места.
„Обично овој вид на рак ги погодува луѓето на возраст помеѓу 30 и 50 години. Никогаш не очекувавме дека ќе се појави кај толку млада девојка.“ - коментираат докторите на Бет.
Поради туморот, нивото на адреналин во телото на девојката се зголемило. Ова било причина за вознемиреноста и плачењето. Исто така било причина и за зголеменото срцебиење и топлина.
Сепак, лимфниот систем на Бет реагирал правилно на туморот и успеал да го забави растот на метастазите. Но, и покрај ова ситуацијата била многу сериозна. Била потребна итна операција.
„Поминав 6 дена во одделот за интензивна нега. Ми требаа неколку месеци за рехабилитација. Операцијата беше навистина сериозна. Ми направија рез од градите до долниот дел на стомакот. Но, морав да застанам на нозе и да се вратам на факултет. Сакам да живеам.“ - се сеќава Бет.
Докторите инсистирале да земе академски одмор и да се фокусира само на здравјето. Сепак, таа одбила да ги прекине студиите. Сега Бет има 19 години и во ремисија. По еперацијата и отстранувањето на туморот, нејзината состојба се вратила во нормала и повеќе немала никакви знаци на промена во расположението.
Во моментот, оваа девојка е дел од кампањата за борба со ракот, која ги охрабрува луѓето да ги споделат со другите своите победи над подмолното заболување и да соберат средства за да им помогнат на оние кои се жртви на оваа болест.