Оваа гимнастичарка е толку убава што мора постојано да ја чуваат телохрантители: Поради неа реагира полицијата, а нејзината природна убавина е нереална

Оваа гимнастичарка е толку убава што мора постојано да ја чуваат телохрантители: Поради неа реагира полицијата, а нејзината природна убавина е нереална

Зошто деновиве толку многу се зборува за гимнастичарката Оливија Дан?

Оливија Дан е член на гимнастичкиот тим на Универзитетот во Луизијана, кој одлучи да ангажира телохранители откако тинејџери се обидоа да ja „нападнат“ спортистkata неодамна во Јута.


Работите излегоа од контрола и Оливија Дан (20) мораше да ги замоли навивачите да се смират бидејќи на натпреварувањето пред две недели избија неколку инциденти. Тренерот Џеј Кларк изјави дека обезбедувањето ќе патува насекаде со тимот од сега до крајот на сезоната.

Кларк истакна дека навивачите можат да бараат автограми од спортистите, но дека безбедноста на гимнастичарите е на прво место.


„Секогаш ќе ја ценам и ќе ја сакам вашата поддршка, но ако дојдете на натпреварот, сакам да ве замолам да ги почитувате другите гимнастичари и гимнастичката заедница бидејќи ние само си ја работиме нашата работа“, им рече Оливија на навивачите, поради кои мораше да реагира и полицијата и спортскиот автобус со екипата да се пренасочи за да избегне средба со нив.


За сè е виновна огромната популарност на Оливија, или Ливи, како што се нарекува една од најуспешните колеџ спортисти. За тоа придонесоа нејзините попровокативни слики и видеа од социјалните мрежи и како што велат обожавателите нереалната убавина. Оваа девојка заработува два милиони долари годишно, вежбајќи гимнастика, но и благодарение на профитабилните спонзорски договори. Таа е многу популарна на „TikTok“ каде има седум милиони следбеници и на Инстаграм со три милиони фанови.


Извор: zena.rs


Можеби ќе ве интересира: