Оваа пролет ќе се носи Барби коњско опавче: Не е тешко да се направи, а изгледа преслатко (ВИДЕО)

Оваа пролет ќе се носи Барби коњско опавче: Не е тешко да се направи, а изгледа преслатко (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // In and Out

Фризура која сигурно ќе се носи оваа пролет...

Може да ја носат и девојки кои имаат подолга коса, како и оние со пократка. Должината тука не игра улога, важно е само да можеш да врзеш опавче. Тоа е доволно за и ти да изгледаш како Барби кукла.

Фризурата која изгледа ретро е повторно е во мода. Се вика Барби коњско опавче и кога ќе ја видиш, ќе ти биде јасно зошто се вика така. Низ годините, сигурно ја имаш видено на многу познати личности и тие може да ти послужат како инспирација. Но, сега оваа фризура е повторно ИН и изгледа дека дојде во вистинско време, бидејќи навистина изгледа некако пролетно. Некое време ја носеше Ариана Гранде, а можевме да ја видиме и на Хејли Бибер, Џенифер Лопез и Ријана.

Ариана своето стандардно долго коњско опавче го замени со ова, кој изгледа малку попосебно за разлика од она што го носеше. Дали таа е заслужна за тоа што оваа фризура се врати во мода или некој друг? Не се знае, но Барби коњското опавче е последниот голем хит во светот на фризурите.

Изгледа елегантно и како да се имаш потрудено околу фризурата, а реално се прави многу брзо. Една девојка го покажа процесот како таа го прави. Може да ти послужи, но немој да се уплашиш што таа користи различни уреди, ти треба само чешел за коса и пегла или уред за виткање на коса со кој ќе направи локни на крајот од опавчето.

За да биде уште повеќе во Барби стил, можеш да додадеш некоја убаво украсно ластиче со кое ќе го прикриеш она со кое го имаш врзано опавчето. 


фото: Принскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: