Оваа сабота учениците ќе одат на училиште!
16 и 30 март ќе бидат работни денови за основните и средните училишта во Македонија. Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник, односно вторник. Ќе се надоместува пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух учениците имаа продолжен распуст.
Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта е објавен денеска во Службен весник, а информацијата ја потврдија и од Министерството за образование и наука.